http://www.adverstore.com/portal/preview.php?ad_id=167881 
_______________________________________________________

Најново И Hajбрзо!!!! download Филмови Најновите Филмови Само кај Комшија



Патики кои растат заедно со детската нога
-------------------------------------------------------------
Американецот Хенк Милер најверојатно им реши голем проблем на родителите ширум светот – тој изумил детски чевли што го следат растежот на стопалата.

Користејќи релативно ефтина технологија, тој конструирал чевли што со едноставно притискање на копче можат да се развлечат за три броја.

Тестирањата во лабораторија покажаа дека чевлите се доволно цврсти и не можат случајно да “пораснат“.

Најдоброто во оваа приказна е што цената нема да им биде поголема од 100 долари, малку повеќе од цената по која во Америка се продаваат и обичните детски чевли.

Според пресметките на стручњаците, овој изум на родителите ширум светот би можел да им заштеди пари за околу девет милијарди чифта чевли годишно, а овој факт најмногу го загрижува токму пронаоѓачот.

“Се најдов на удар на најголемите американски производители на чевли. Секако дека не им се допадна што се покажа оти чевлите се добри и што сега родителите многу поретко ќе влегуваат во нивните продавници. Сепак се надевам дека нема да оди подалеку од вербални напади“, вели Милер.

Чевлите почнаа да се продаваат и во Велика Британија, а лекарите ги препорачуваат и на децата кои имаат различни стапала, што е чест случај, бидејќи сега можат да носат два различни броја, без да купуваат два чифта чевли.


Адриано: Ми недостасува Италија
-----------------------------------------------------
Проблематичниот напаѓач на Интер, кој моментално е на позајмица во Сао Пало најави дека по крајот на Копа Либертадорес ќе се врати во Италија.

Во интервју за La Gazzetta dello Sport, Адри откри дека навистина имал проблеми во минатото но сега се е зад него, и е позитивен околу неговото враќање во Интер.

“Ми недостасува Италијанскиот фудбал, моите пријатели и мојот живот таму. Тоа е вистинското место за мене.” – рече Адриано.

Императорот повторно е во инзвонредна форма и постигна 11 погодоци на 17 натпревари во Паулиста шампионатот.

Тој посакува да се врати во Интер и да игра во нападот покрај Ибрахимович и Марио Балотели.

“Често се слушам со Марио, а со Златан имам одлични односи. Сакам да се враам во Италија и да го убедам Манчини дека можам да играм покрај нив.”

“Немам ништо против Манчини. Единствено нешто што кажав, беше дека очекував да ми помогне во мојот најтежок период. Доколку Манчини ми рече да останам, со задоволство ќе го направам тоа. Ќе му докажам дека заслужувам да играм.”

Во италијанските медиуми се појави информација која велеше дека Адри ќе се врати во Фиорентина и ќе работи со неговиот поранешен тренер Чезаре Прандели.

“Прандели ме разбира, знае како да ми ги прочита мислите. Ми зборуваше многу, претерано многу. Секогаш кога ќе видеше дека нешто не е во ред ме носеше на вечера.”

 



ФХМ - Меган Фокс најсекси на светот, Бритни 100-та
-------------------------------------------------------------------------
Списанието ФХМ го објави својот 14 годишен избор за најсекси жена на светот. Ова списание тврди дека за убавиците гласале 9 милиони луѓе од цел свет.

Ѕвездата од филмот Трансформерс во изборот на ФХМ за 100 најсекси жени на светот ја испроба својата трета среќа. Откако во 2006 година била на 69 место, а во 2007 на 65, Меган Фокс (21) прогласена е за најсекси жена на светот.

По неа во првите десет редови следат Jessica Biel, Jessica Alba, Elisha Cuthbert, Scarlett Johansson, Emmanuel Chriqui, Hillary Duff, Trisha Helfer, Blake Lively и Kate Beckinsale.

Анџелина Џоли на листата е на 12 место, а по неа се убавиците Rihanne -14 место, Kim Kardashian на 17 место, Beyonce на 20 место и Heidi Klum на 22-ро.

На листата се наоѓаат и Pamela Anderson на 75 место, Paris Hilton на 77-мо и Madonna на 87-мо место.

Последните две места ги завземаат Victoria Beckham и Britney Spears.

 



  Za Drugite So NeznaeT k`de Se K`peT Struzani



Фотографирала катедрала, а снимила дух?
-------------------------------------------------------------



Руската туристка Олга Чаталова не можела да поверува на своите очи кога на фотографијата снимена на годишниот одмор видела дух.

Таа била уверена дека замаглениот лик на средина од фотографијата снимена во катедралата Свети Пол е дух на свештеник кој живеел во 16 век, пренесува хрватски Дневник.

“Не можев да поверувам што гледам на сликата. Секако дека тоа е дух. Сигурна сум дека не беше пред мене кога сликав“рекла Олга.

Фотографијата била снимена за време на одржување миса.
 
 
 
 
5 причини поради кои не можете да ослабете
-------------------------------------------------------------------

Летото се наближува, па при тоа бројот на луѓе кои сакаат да ослабат се зголемува. Но откако по неколку месеци труд и глад немаат резултати, повеќето се откажуваат од слабеење. Што прават погрешно?
Прва причина:
Диетите се преполни со забрани за храна, повеќето луѓе слабеењето го поврзуваат со строга забрана за јадење. Докторите се согласуваат дека треба да се внесува помала количина на храна, но сепак треба да се внимава да бидат внесени сите потребни материи. Тешко е да се редуцира вообичаениот однос на храна и тука повеќето грешат. Треба да се завземе реален став за диетата, да се внесува иста количина на храна но помалку калорична.

Втора причина:
Луѓето ја игнорираат физичката активност. Кога се на диета, толку многу се замараат со исхрана, што забораваат на физичка активност. За правилно слабеење, вежбањето е единствен начин масното ткиво да се претвори во мускулна маса.

Трета причина:
Малите оброци предизвикуваат поголем глад. Па така повеќето внесуваат повеќе од потребното.

Четврта причина:
Диетата може да ги зголеми шансите за појавување на болести. Оние кои почнуваат со строги диети и не се советуваат со доктори, шансите им се големи да заболат.

Петта причина:
Откако килограмите нема да се намалат, повеќето се откажуваат од диета. Правилно е најголемите резултати да се покажат првата и втората недела. По овој период нормално е губење од 200-500 грама неделно, па сите мислат дека е тоа неуспех и се откажуваат. Најдобар начин за слабење е од 4-5 килограми месечно.

Наведената студија покажува дека 75 проценти од жените кажуваат дека имаат прекумерна тежина, но само на 25 проценти навистина им е потребна диета.
 


BMW Group со рекордна продажба
----------------------------------------------------
Култниот германски производител на луксузни и спортски автомобили, BMW, во првиот квартал на оваа година оствари најголема продажба воопшто во неговата историја, што е резултат на посветеноста на перформансите и квалитетот.

Во првите три месеци од 2008, BMW продаде 351.787 автомобили што е за 5,7% повеќе во однос на минатата година. Од оваа бројка, 293.550 припаѓаат на возилата на BMW (+2,7%), Mini – 58.054 (+23,6%) и Rolls Royce – 183 (+61,9%).

Овој резултат не е изненадување и се должи пред се на успехот на американскиот пазар, но и на успехот на Mini на европскиот.

Со новите најавени модели, кои во наредните години треба да пристигнат во гамата на BMW, се очекува овие бројки уште повеќе да пораснат и BMW да го надмине вечниот ривал Mercedes.

COBET                                             

Поради добиени жалби и поплаки за визуални фалинки на блогот, www.komsija.tk исклучиво го препорачува Mozilla Firefox браузерот при посетување на нашиот блог, воопшто и при секојдневно сурфање.


  Kursna  Lista
земја куповен продажен
EUR 61,35 61,65
CHF 3.789,01 3.895,01
GBP 81,76 82,96
USA 40,80 42,00
   

                                                                                                                           


Gmail

Sign up for Gmail

                                                                                                                                                                                               
                        

alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free