Шпионски фотографии –Audi A4 Allroad
----------------------------------------------------------
Во моментов единствен автомобил во гамата на Audi што нуди уживање на секаков вид на терен е Audi A6 Allroad. Наскоро тоа ќе се смени – и помалиот А4 ќе добие ист третман.

Нека не ве излажат фотографиите – новиот Allroad нема да биде седан. Ќе се базира на караванскиот модел. Причината што Германците одбраа да го тестираат седанот е едноставна: караванот се уште не е претставен на јавноста.

Како што се гледа на фотографиите, автомобилот ќе биде подигнат од подлогата и ќе добие поиздадени крила и браници кои ќе бидат обоени во црна боја, се со цел да се нагласи карактерот на теренски автомобил.

Моторизацијата ќе остане иста како таа на основниот модел, додека шасијата ќе ги добие потребните засилувања. Погонот ќе биде познатиот Quattro на Audi и тоа во сите верзии, подесен за поголемо уживање во возењето вон асфалтот.

Конечниот модел треба да го очекуваме на некој од поголемите саеми оваа година.









Први слики од Audi Q5!
----------------------------------
Ова се првите фотографии од Audi Q5 целосно откриен! Противникот на BMW X3 и Mercedes GLK изгледот целосно ќе го позајми од поголемиот Q7, што е всушност добар потег знаејќи колку е успешен големиот SUV на Audi.



Тие со помалку истренирано око за автомобилизмот нема ни да забележат дека се работи за нов модел од Audi. Едноставно, гледајќи го од напред и од назад е тешко да се забележи дека се работи за нов модел.

Единствено гледано од страна, се гледа дека фотографираниот автомобил е премногу мал за Q7, па од тука и заклучокот дека се работи за новиот Q5.

Како потврда за тоа дека се работи за нов Q5, понудена е и фотографија од внатрешноста на автомобилот, на која јасно се гледа дека на екранот од средната конзола пишува Q5.

Покрај фотографиите други информации за моделот нема, но на саемот во Женева наредниот месец и тоа ќе го дознаеме.














Откриени плановите на Audi за иднината!
Категoрија: Audi


Низ интернет мрежата протече документ од Audi, во кој ги пишува плановите на германскиот производител за наредните четири години. Намерно или ненамерно, нас ни одговара да ги знаеме работите од прва рака.

13.01.2008
Audi размислува за Allroad изведба на А4
Категoрија: Audi


Audi A6 Allroad е подигната изведба на А6, наменета за луѓе кои сакаат повремено излегување на калливите терени, но не сакаат SUV автомобил. Audi сака да ја прошири понудата на ваков автомобил во една класа подолу, во A4.

12.01.2008
Audi R8 V12 TDI – прво видео!
Категoрија: Audi


Еве го официјалното видео од првиот дизелски суперспортист, и тоа порано од тоа најавеното, на саемот во Детроит.

11.01.2008
Audi TT S – најбрзото ТТ до сега
Категoрија: Audi


Според најавите, Audi ќе ја претстави дизелската верзија од својот суперспортист на саемот во Детроит. Ќе го користи новиот V12 дизелски Common-Rail агрегат кој ќе развива околу 500 КС.

05.01.2008
Дизел од 0-100 за 4,2 сек, со потрошувачка од 10 литри - Audi R8 TDI
Категoрија: Audi


Според најавите, Audi ќе ја претстави дизелската верзија од својот суперспортист на саемот во Детроит. Ќе го користи новиот V12 дизелски Common-Rail агрегат кој ќе развива околу 500 КС.

04.12.2007
Audi R8 тјуниран од ABT
Категoрија: Audi


Сега R8 може да заигра во истата лига со Ferrari F430 и Lamborghini Gallardo, а за тоа се погрижи тјунерот специјализиран за возилата од корпорацијата на VW, ABT.

02.12.2007
Се запали моторот на Audi RS8
Категoрија: Audi


Неодамна, на патеката Нирбургринг се запалија дури три тестни прототипа на најавуваниот RS8 модел на Audi. Иако најпрвин се чинеше дека причина за тоа е истекување на гориво или масло, сепак причината лежи во моторот, т.е. во високата температура која ја развил моторот при тестирањето.

20.11.2007
Теренец и кабриолет во едно – Audi Cross Cabriolet Quattro
Категoрија: Audi


Еден од најзанимливите модели кои беа претставени на салонот во Лос Анџелес, кој се одржува оваа недела е секако новиот концептен модел на Audi. Со него можете да се движите по калливи терени, но и да уживате во погледот на небото.

18.11.2007
Audi A1 во повеќе изведби
Категoрија: Audi


Audi неодамна го претстави A1 Metroproject, модел кој треба да му ги замрси сметките на Mini. Тривратниот модел се очекува во 2009 година, а после него ќе следат и други моделски изведби.

27.10.2007
Audi A1 – градско возило за високата класа
Категoрија: Audi


На претстојниот саем за автомобили во Токио, Ауди ќе го претстави концептот Мetroproject, кој треба да ги привлече купувачите на Mini-то. Сериско производство е скоро сигурно, а ознаката, нормално, ќе биде А1.

11.09.2007
Audi караван - RS6
Категoрија: Audi


Неколку месеци после долгото исчекување, голем број на шпиунски фотографии и видео клипови, Audi конечно покажа официјални фотографии ги откр сите детали за најсилниот сериски караван на светот.

08.08.2007
R8 Spider
Категoрија: Audi


Audi одлучи да произведе кабриолет изведба од новиот R8, која ќе има кров кој целосно ќе се отстранува, а не кров со вграден механизам кој е поскап, покомплициран и потежок.

01.08.2007
Audi Q3 во 2010
Категoрија: Audi


Водечките луѓе во Audi наскоро би требало да дадат зелено светло за почеток на развојот на нов компактен SUV, со име Q3. Пред појавувањето на овој модел на пазарот ќе се појави и близнакот на VW Tiguan, наречен Q5.

21.07.2007
Audi A5 Sportback во 2009?
Категoрија: Audi


Иако се чини дека е тешко веројатно дека во Audi ќе се одлучат за производство на A5 Sportback со пет врати, бидејќи неговата привлечност доаѓа токму од coupe изгледот, изјавата на Rupert Stadler дека во скоро време производителот од Ingolstadt ќе исфрли на пазарот 18 нови модели, даваат причина за сомневање.
10.07.2007
AS5 од ABT Sportsline
Категoрија: Audi


Специјализираниот тјунер за Audi, ABT Sportsline, направи своја верзија AS5, на новиот Audi A5 со 3,0-литарски TDI мотор. Оваа верзија ќе има унапреден мотор и управливост, нови тркала и посебна каросерија.

27.06.2007
Новиот Audi RS6 ќе има 579 KS
Категoрија: Audi


Веќе подолго време се нагаѓа снагата на новиот RS6. На ваквите нагаѓана им дојде крај бидејќи неговиот turbo V10 мотор ќе развива снага од 579 KS. Со ова Audi уште еднаш озбилно и се закани на конкуренцијата.

31.05.2007
Audi TT clubsport quattro: TT во својата најчиста форма
Категoрија: Audi


Секое Audi TT е со чисти линии, непогрешлив динамизам и возачки карактеристики на спортски автомобил. Audi сега го претставува TT-то во својата најчиста форма: clubsport Quattro концептот. Audi TT clubsport Quattro го сведува TT Roadster-от на една чиста возачка машина. Моќен мотор, најнова технологија и бројни карактеристики позајмени од светото на мотоспортот се доминантните карактеристики на TT clubsport quattro.

18.05.2007
Audi на пазарот лансира модел совршен за љубителите на економичните дизелаши
Категoрија: Audi


Се работи за популарниот модел А4 со штедлив TDI мотор со сила од 115КЅ. Забрзувањето од 0 до 100km/h трае 11.2 секунди, додека максималната брзина изнесува 201 km/h. Најголемите адути на овој автомобил се потрошувачката и емисијата на штетните гасови. Благодарејќи на 6 степениот менувач овој автомобил има просечна потрошувачка од минимално 5.21, а емисијата на штетни гасови изнесува 137g CO2/km.

15.05.2007
Видеа, Audi R8
Категoрија: Audi


Погледнете неколку интересни видеа од Audi R8 суперавтомобилот. Неговата привлечност ги краде погледите насекаде, па дури и водителот на познатата Британска емисија за автомобили Top Gear, беше воодушевен од него.

27.04.2007
После суперавтомобилот R8, следува и R4?
Категoрија: Audi


Audi е во голем налет, што доволно во растечките приходи и бројот на продадени автомобили па и по бројот на претставените новитети на автомобилската сцена.

08.02.2007
Audi A5 ја напаѓа 6-ката на BMW
Категoрија: Audi


Новото Audi A5 кое треба да биде спортско купе е адаптирано на концептот на Audi – Nuvolari, кое беше прикажано на саемот за автомобили во Џенова во пролетта 2003. Од сликите се гледа дека новото купе ќе биде значително поголемо од A4. Димензиите му се скоро како на Audi A6.

11.11.2006
Audi R8 supercar претставен во Paris
Категoрија: Audi

Дизајнирано да се натпреварува против Porsche 911, новото Audi R8 има quattro permanent возење на четири тркала, алуминиумска рамка и V8 FSI мотор со јачина од 420 bhp позајмен од последниот Audi RS4 спортски автомобил.

17.10.2006
Abt го претставува Allroad Quattro
Категoрија: Audi


Германскиот специјалист Abt Sportsline ги отстранија знаците на стареење од лицето на Audi-овиот Allroad Quattro, со поставување на нови тркала, заден спојлер и многу повозбудлив дизелски мотор..

15.10.2006
Kонечно пристигнува новото Audi S3
Категoрија: Audi


Новото Audi S3 спортски hatchback доаѓа опремен со напреден TFSI мотор, кој има 265 кс. на 6,000 rpm и импресивни 350 Nm по вртежен момент, овозможени од 2,500 до 5,000 rpm.
Моќта е доволна автомобилот да може да има забрзување од 100 km/h за само 5.7 секунди и електронски лимитирана брзина од 250 km/h. Од Audi тврдат дека S3 моторот не е само моќен, туку и многу економичен – 9.1 литар на 100 километри.


alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free