Автомобил на годината за 2008 во Македонија 
-------------------------------------------------------------------
Со 3 освоени гласа од 6-те члена на националното жири, моделот кој веќе стигна до многу купувачи кај нас е прогласен за Автомобил на Годината 2008. Блиску до титулата беше и Peugeot 308 со 2 гласа, а еден освои и Mercedes C-Class. За потсетување, финалисти беа уште и Toyota Auris, Renault Laguna и Audi A4.

Ова е прво признание на ваков избор кај за KIA, кој со моделот cee’d слично признание доби и во неколку други држави.
Kритериуми според кои беше направен изборот на финалистите и кои најмногу влијаеа при одлуката беа:

- Адекватност на автомобилот за домашниот пазар, Економичност,
- Безбедност и еколошка прифатливост,
- Возни својства,
- Дизајн,
- Комфор и опременост,
- Примена на технолошки достигнувања
Досега, повеќе од една титула ‘Автомобил на годината’ имаат освоен Fiat, Seat и Mazda . Досегашните носители на ова блескаво признание, во 12-те претходни избори се:

- "Фиат браво/брава" - 1996,
- "Рено мегане" - 1997,
- "Опел астра" - 1998,
- "Шкода октавија" - 1999,
- "Фиат пунто" - 2000,
- "Сеат леон" - 2001,
- "Тојота корола" - 2002,
- "Мазда 6" - 2003,
- "Мазда 3" - 2004,
- "Сеат алтеа" - 2005,
- "Фолксваген пасат" - 2006,
- "Опел корса" - 2007.
Kia Cee'd
Проектиран и произведен во Европа, но и само за европскиот пазар. Разни каросериски изведби во кои се опфатени класичниот хеч-бек со пет врати, спортскиот тровратен модел, караванот како и купе кабриолетот во подготовка. Богатата основна опрема и седум годишната гаранција заедно со вкупниот квалитет на производот гарантираат успешен настап на пазарот. Широка палета на сосема нови мотори.

Peugeot 308
Еволуција на формите и технологијата на Peugeot. Естетика во стилот на актуелните модели на фабриката, нови бензински мотори и врвни дизели познати од порано. Квалитетни материјали, примерна ергономија и лесна употребливост, се истакнуваат како предности наспроти конкуренцијата. Високите тиражи и популарноста во Peugeot знаат како да ги достигнат.

Mercedes C class
Свеж изглед, најнова технологија, преработени и оптимизирани мотори се само некои од особините на најпродаваниот модел на Mercedes. Претставен на почетокот на годината ја искористи можноста за навремено етаблирање во средната класа. Богатата традиција на производителот се отсликува во применетата технологија. Уште во основната изведба располага со комплетна опременост.

Audi A4
Наследник на најпопуларниот модел на Audi. Традиционалната естетика во случајот комбинирана е со најновата технологија. За прв пат во него се вградува новиот ТДИ мотор од два литри со Common rail технологија. Димензиите се многу блиску до актуелниот модел од повисоката класа,

Audi А6.
Просторната понуда кореспондира со зголемените димензии.

Renault Laguna
Голем исчекор на Renault во правец на конкурентска понуда во средната класа. Предностите на моделот се сокриени под малку традиционалниот облик. Во споредба со неговиот предходник, се истакнуваат: зголемените гаранции, широката палета на мотори и богатата опрема. Пет звезди на сигурносните Еуро НЦАП тестови говорат за сериозниот пристап кон овој модел. Големите амбиции на европскиот пазар отворено се манифестираат.

Toyota Auris
Поделбата на моделот Corolla на класичен модел со четири врати кој останува да се именува како Corolla и хеч-бек петвратен модел наречен Auris. Тојотиниот компакт се издвојува според формата и многу спомнуваниот но и докажаниот квалитет. Широка палета на бензински мотори и високо ниво на сериска опрема.


________________________________________


Шпионски слики – Aston Martin DBS Volante
-------------------------------------------------------------
Во Шведска беше фатен новиот модел на Aston Martin, кабрио верзијата на DBS. Aston за својот модел ќе го користи класичниот мек покрив, кој ќе треба да резултира со пониска маса на автомобилот.

Според дизајнот на кровот, на задната клупа, за разлика од купето не треба да се надеваме дека ќе има многу простор.

Моторот ќе биде позајмен од купето. Рачно изработениот филигран со 12 цилиндари во V-распоред и зафатнина од 6,0 литри ќе развива 510 КС, заслужни за забрзување до 100 km/h за нешто повеќе од четири секунди. Максималната брзина ќе биде нешто повисока од 300 km/h. Вистински Џејмс Бонд заводник!

Извор: Koli.com.mk








________________________________________

Дизајнер со свој поглед на Ferrari F250
-------------------------------------------------------
 Ferrari во последно време е многу активен околу негирање на новиот Dino, но тоа не ги спречува дизајнерите да ги претстават своите визии за овој автомобил. Така, еден дизајнер осмисли наследник на легендарниот 250 GTO.



На приложените слики можете да го видите делото на дизајнерот Идриес Омар, кој е голем вљубеник во 250 GTO, па осмисли своја модерна верзија на истиот. 250 GTO е еден од најславните автомобили во историјата, а бил покренуван од V12 мотор со 3.000 cm3.

Концептот на Омар е осмислен како аеродинамичен спортски автомобил, со линии кои асоцираат на славната италијанска марка.

Во склад со трендот на еколошки автомобили, автомобилот е покренуван од мотор кој покрај класичниот бензин може да користи и биогориво, а е со зафатнина од 2,5 литри и има 6 цилиндари во V-распоред.

Да потсетиме само дека на салонот во Детроит пред неколку дена Ferrari го претстави F430 BioFuel, кој користи сличен концепт.







________________________________________


Шпионски слики – Aston Martin Rapide
------------------------------------------------------
 Ова се првите јасни шпионски фотографии направени од новата GT лимузина на Aston Martin. Според изгледот потсетува на Aston Martin DB9, од кого и ќе ја позајми механиката.



По најавата на Porsche дека ќе влезе во сегментот на GT лимузините со Panamera, Британците одговорија со овој модел, кој покрај комфор на предните седишта како што беше во досегашните модели на британскиот производител, ќе им овозможи уживање и на тие што седат во вториот ред.

Дизајнерски, автомобилот е ремек дело. Агресивна предна маска со големи отвори за воздух, долга хауба чија линија продолжува по целата должина на автомобилот и одважен високо подигнат заден дел, кој ја надополнува агресивноста, но делува и елегантно поради меките линии. Елеганцијата е надополнета и со куполастата линија на кровот, кој благо се спушта во задниот дел. Едноставно кажано автомобилот претставува една прекрасна целина.

За погонот треба да биде задолжен V12 агрегат со зафатнина од 6.000 cm3 и максимална сила од околу 500 КС. За внатрешноста не се знае многу, но нема да биде грешка ако биде позајмена од DB9, која е една од најубавите во класата.

Финалната верзија, која не би требало да се разликува многу од оваа на фотографиите, ќе пристигне во почетокот на следната година. Цената ќе биде околу 200.000 евра и како што може да се претпостави, ќе биде наменета за одбрани купувачи, т.е. за тие со подлабок џеб.



________________________________________


VW го откри Passat CC – новото купе со четири врати
----------------------------------------------------------------------------
 После многу чекање и бесконечно многу шпионски слики, на саемот во Детроит, VW конечно го претстави нивниот нов производ, овој пат член на класата која ја измисли Mercedes со CLS.



Новитетот на производителот од Волфсбург е направен на темелите на бестселерот од средната класа Passat, со кого и ги дели најголемиот број на деловите и погонските единици.

Според дизајнот, во предниот дел кажува од кого потекнува, но следејќи ги страничните линии, се добива една многу поразлична силуета, која пред се алудира на елеганција и префинетост. Единствено можеби задниот дел малку ја нарушува елеганцијата, но едно мора да се признае, дека ова е најубавиот Volkswagen досега.

Должината на овој модел изнесува 4.796 mm, што е 31 mm повеќе од класичниот Passat. Со ширина од 1.856 mm, Passat CC влегува во повисока класа на автомобили, каде владеат Mercedes, BMW и Audi.

Во внатрешноста ќе можат да се сместат четири патници, секој во посебно седиште. Материјалите кои ќе се користат ќе бидат за една класа поквалитетни од тие на обичниот Passat, но дизајнот на централната конзола и командите не е променет, што е играње на сигурна карта.

Ќе се вградуваат повеќе мотори, почнувајќи од 1,4 TSI и 2,0 TDI од 140 КС, до новиот V6 со зафатнина од 3,6 литри и 300 КС. Како помош за возачот полесно да ги совлада силните мотори, ќе биде достапен и системот “Dynamic Drive Control” кој ја подесува тврдоста на амортизерите и како што велат Германците овозможува големо уживање во возењето, но и голема удобност во внатрешноста.

VW Passat CC наскоро треба да пристигне на европскиот пазар, до кога и цените ќе останат енигма. Но очекувањата се дека ќе бидат доста повисоки од тие на обичниот Passat, главно поради употребата на поквалитетни материјали, но и имиџот кој го носи овој автомобил.





________________________________________


Audi TT S – најбрзото ТТ досега!
----------------------------------------------
 Според најавите, Audi ќе ја претстави дизелската верзија од својот суперспортист на саемот во Детроит. Ќе го користи новиот V12 дизелски Common-Rail агрегат кој ќе развива околу 500 КС.



Моторот е познатиот 2.0 TFSI од VW, но темелно доработен oд инженерите на Audi. Овој пат развива неверојатни 270 КС, кои се заслужни за забрзување од 0-100 km/h за неверојатни 5 секунди! За преносот се грижи автоматски S-Tronic менувач. За жал максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 km/h.

Погонот е Quattro на сите четири тркала, додека за поголеми брзини во свиоците се грижат магнетните амортизери кои можат да се подесат во зависност од патот. Цената ќе биде околу 60.000 евра, што и не е многу за автомобил со толку екстремни перформанси.


________________________________________


Ferrari караван
----------------------
Холандскиот дизајнер Ван ден Бринк пред себе си постави нова задача. По преработката на моделот на Ferrari, 599 Fiorano, тој сега ќе го преработи Ferrari 612 Scaglietti, претворајќи го во караван.



Ова нема да биде прв супер спортски караван. Ова е еден вид на потсетување на Ferrari Breadvan, кој беше прв караван конструиран за тркачките патеки.

До сега, богатите не можеа да поседуваат караван со кој можат да бидат “видени”. Колку и да е перверзна идејата на Холанѓанецот, можеме да бидеме сигурни дека ќе успее, пред се поради малиот број на автомобили кои ќе бидат изработени.




________________________________________


350 km/h со Lexus LF-A
---------------------------------
Lexus, со првиот за нив супер спортски автомобил планира да им ги замрси сметките на Ferrari, Lamborghini и Porsche. До сега целта беше автомобилот да постигнува 330 km/h.



Според новите информации, пораснаа апетитите на Јапонците, па тие сега целат на 350 km/h. За да се постигне таа брзина ќе биде задолжен 5,0 V10 мотор од 510 КС, инспириран од поранешните V10 мотори во F1. Многу внимание ќе биде посветено на распоредот на масата на автомобилот, па најавено е дека моторот ќе биде напред а менувачот назад.

Менувачот ќе биде секвенцијален, директно превземен од F1 болидот на Toyota и ќе овозможува супер брзо менување на брзините. Перформансите ќе бидат во врвот на класата. До 100 km/h, LF-A ќе забрзува под 4 секунди. За да се запре овој ѕвер, ќе биде користен систем за кочење целосно изработен од специјалистот Brembo. Според најавите цената треба да биде 200.000 евра.







________________________________________


Mazdaspeed Atenza Concept – најава за Mazda 6 MPS
---------------------------------------------------------------------------
И покрај озборувањата дека Mazda не размислува за спортски модел базиран на новата Mazda 6, излезе концептен автомобил кој ќе ја има премиерата на Tokyo Auto Salon, а ја најавува новата 6 MPS.



Во моментов достапни се само слики од новиот модел. Нема никакви информации каков мотор ќе се користи, дали погонот повторно ќе биде на четири тркала итн. Според сликите се знае дека во предниот дел ќе има поголеми всисници за воздух и поголеми браници.

Аеродинамиката и лежењето на патот ќе бидат во голем дел подобрени, управувањето ќе биде попрецизно, а подвозјето многу потврдо. Тркалата се 18 инчни, доволно за да го пополнат просторот во подкрилата.

Според некои озборувања повторно ќе се користи турбо мотор и тоа дериват на новиот реден четирицилиндарец од 2.5 литри, произведувајќи околу 300 КС, што би ја сместило новата 6 MPS во една класа погоре.

Поради тоа што новата шестка е полесна од старата се најавува време од околу 5 секунди за забрзување од 0-100 km/h.

Извор: Koli.com.mk




________________________________________

308 RC-Z во сериско производство

Многу е веројатно дека францускиот производител ќе се одлучи да го пушти во сериско производство концептниот модел претставен на авто-саемот во Франкфурт оваа година.



Купе-то 308 RC-Z секако ќе се базира на 308-ката. Ако моделот 308 многу наликува на 207, купето RC-Z во својот надворешен изглед многу потсетува на Audi TT.

Палетата на мотори која ќе биде понудена ќе биде многу поширока од 1.6 THC литрениот мотор со 218 коњски сили, кој беше вграден во концепт изведбата.

Интересно, моделот претставен во Франкфурт, благодарение на користените алуминиумски материјали и поликарбонски влакна имаше тежина од само 1.200 килограми.

Според француските медиуми, серискиот модел на Peugeot 308 RC-Z би требало да се појави дури во 2009 година.

Извор: Koli.com.mk










________________________________________


Bugatti нуди школување на купувачите
------------------------------------------------------
За подобро да знаат да ја пренесат моќта на асфалтот, Bugatti им понуди школување на своите купувачи. Тоа Италијанците го прават за “поголема безбедност”, односно да гледаме што помалку удрени Veyron-и, за да не падне имиџот на марката.



Школувањето се одржува во Франција, во повеќе етапи. Прво се предава забрзување и кочење, потоа избегнување препреки на патот, за на крај да се извозат и неколку кругови на патеката “Anneau du Rhin” во Колмар.

Дали егото на богаташите ќе дозволи да се “избламираат” и да одат на школо за возење? Дали пак школата ќе ги подобри нивните возачки способности до тоа ниво да не бидат опасни по “обичните” учесници во сообраќајот?

________________________________________


Нов спортски убавец - Mercedes Benz SLC
------------------------------------------------------------
Mercedes веќе има еден суперспортски модел во својата гама, меѓутоа неговата екстремно висока цена не носи многу профит на компанијата. Mercedes SLR McLaren е поредок дури и од некои ексклузивни италијански модели.



Затоа во текот на 2009 година, Mercedes ќе лансира нов модел со средишно сместен мотор и погон назад. Нема да биде лишен од суперспортските перформанси, но и нема да се користат скапите материјали како карбон-фибер и керамички кочни дискови. Многу е извесно дека во развојот на овој модел нема да учествува McLaren, туку Mercedes самостојно ќе го развива моделот.

Вратите треба да се отвораат нагоре, исто како во поскапиот брат. Моторот ќе биде 6.2 литарски V8. Има некои најави дека силата ќе биде 700 КС. Но, толку јак погон и ниска цена едноставно не се можни, нели?

Првиот прототип ќе го видиме на салонот во Женева идната година. Фотографијата погоре е само една претпоставка како може да изгледа. Цената на конечниот модел ќе биде околу 150.000 евра. Иако на прв поглед изгледа скапо, сепак тоа е сума значително пониска од Mercedes SLR McLaren.

________________________________________

BMW Progressive Activity Sedan наскоро на улиците
-----------------------------------------------------------------------------

На пазарот наскоро ќе пристигне нов автомобил од BMW, кој за сега се нарекува Progressive Activity Sedan. Ќе биде базиран на карванската (touring) изведба на серија 5.



Должината на новиот модел на BMW ќе брои цели пет метри, а меѓуоскиното растојание - три метри, што гарантира голем простор во внатрешноста, каде ќе има четири засебни фотелји.

Дизајнот е веќе препознатлив за куќата и потсетува на Х6. Сепак за разлика од Х6, овој модел ќе биде наменет пред се за постарите купувачи на кои комфорот и удобноста им се на прво место.

Ќе се вградуваат сите нови мотори на BMW со шест и осум цилиндари, а опремата ќе биде богата како во BMW 7. Цената на овој модел кој треба да пристигне кон крајот на 2009 година ќе биде слична како на Х6.



Извор: Koli.com.mk

alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free