21.01.2008
BMW M3 Cabrio + нов менувач со две спојки
Категoрија: BMW



BMW го претстави третиот по ред модел од гамата M3, овој пат без кров, во кого го претстави и новиот менувач со две спојки, пандан на DSG на Volkswagen, тука наречен M DCT (Dual Clutch Transmission).

03.01.2008
Нови сознанија за серијата 7 на BMW
Категoрија: BMW



На крајот од наредната година на пазарот треба да стигне новата серија 7 на BMW. Многу пати беа забележани маскирани тестни примероци од овој модел.


21.12.2007
BMW X6 – нова класа
Категoрија: BMW



BMW и официјално го претстави X6, модел кој според производителот претставува сосема нова класа, т.е. купе-теренец, кој покрај лесните калливи терени ќе може да се вози и на тркачката патека.


20.12.2007
Нема да биде Colorado, туку Mini Crossman
Категoрија: BMW



И покрај најавата дека новиот SUV, базиран на Mini ќе се вика Colorado, поради големата прашина која се дигна околу тоа име, новиот Mini доби многу поадекватна наставка, Crossman.


19.12.2007
BMW подготвува уште еден кросовер – X4
Категoрија: BMW



BMW ќе ја надополни гамата на своите “теренски” возила со уште еден автомобил, кој треба да биде поспортска изведба на X3, а ќе ја носи ознаката Х4.


13.12.2007
BMW подготвува турбо изведба на својот V10 мотор!
Категoрија: BMW



Откако стана познато дека Audi RS6 ќе биде придвижуван од турбо мотор со 580 КС, сите го чекаа одговорот на BMW. Според најавите, инженерите од Баварската компанија работат на турбо изведба на V10 моторот од 5,0 литри.


11.12.2007
Нови слики од серијата 8 на BMW
Категoрија: BMW



Mercedes CLS направи еден нов сегмент на автомобили, кој и покрај скептицизмот на другите компании, се покажа многу успешен. Сега BMW сака да влезе со конкурент на CLS, кој ќе се нарекува серија 8.


06.12.2007
Mercedes и BMW блиску до договор?
Категoрија: BMW



Се очекува до крајот на годината, двата титани, да се договорат за развој на четирицилиндрични бензински мотори, кои би се користеле во новата B-Class и Mini.


04.12.2007
Иднината на дизајнот во високата класа - BMW PAS
Категoрија: BMW



BMW ја најавува иднината на комерцијалниот дизајн – голем хечбек каде комфорот и просторот се примарни, со исклучително спортски линии. PAS моделот (Progressive Activity Sedan) треба да биде урнек за тоа како ќе се развива дизајнот на автомобилите во оваа класа.


30.11.2007
И ова е BMW!
Категoрија: BMW



Сигурно дека многу од нас не знаат, но моделот со кој BMW почна да се пробива на пазарот е Isetta. Во тој автомобил имаше една врата и тоа од напред, а се потпираше на три тркала.


12.11.2007
Уште еден SUV од BMW - X1
Категoрија: BMW



Најевтиниот SUV на BMW, X1, светлото на денот треба да го дочека во 2010 година. Причина е тоа што идниот Х3 ќе биде зголемен и со димензиите ќе навлезе во друга класа.


09.11.2007
Mini за off-road – Clubman 4X4
Категoрија: BMW



На овие шпионски фотографии е фатен маскиран модел кој треба да го најави Mini SUV. Веднаш е забележливо поголемото растојание од тлото до автомобилот, поголемите калници и задната суспензија која е различна од моделите со преден погон.


26.10.2007
BMW X5 ќе добие М третман
Категoрија: BMW



BMW не сака да заостанува зад Porsche кога се во поглед перформансите, па затоа и тестира нов М-модел и тоа X5. Моторот ќе биде бензински турбо, а моделот на кој цели, Porsche Cayenne Turbo.


14.10.2007
BMW M3 Седан
Категoрија: BMW



Долго очекуваната седан изведба на новиот М3 конечно е објавена. Со веќе добро познатиот агрегат од 4.0 литри и сила од 415 кс, перформансите за нијанса послаби од купето.

26.09.2007
BMW X6, Франкфурт 2007
Категoрија: BMW



21.09.2007
Бесплатна видеоигра за
љубителите на BMW
Категoрија: BMW


Љубителите на спортскиот автомобил BMW M3 и видео игрите ќе можат да уживаат во бесплатната игра BMW M3 Challenge која можат да се симне од официјалната интернет страница на BMW.

15.09.2007
BMW повлекува 2000 автомобили
Категoрија: BMW


Безбедносна грешка на новиот X5 го принуди произведувачот, BMW да повлече 2000 модели. Поради неисправност на индикаторот за нивото течноста на кочниците, може да се случи ненавремено откривање на губењето на оваа течност кај автомобилите кои се направени од Февруари do Април оваа година.


31.08.2007
Кинезите клонираа и X5-ка
Категoрија: BMW



Во BMW на најлош можен начин почувствуваа дека ништо не е имуно на фалсификување од страна на кинеските производители и на нивната способност да клонираат се што може да се клонира.


17.08.2007
Серија 3 Coupe со V10 мотор од М5
Категoрија: BMW



Брембо, германскиот добавувач на делови за BMW го објави завршувањето на проектот во кој во Е92 серијата 3 coupe е поставен мотор од М5-ка.


01.08.2007
Најнови податоци за новиот Mini Clubman
Категoрија: BMW


BMW најпосле ги објави службените податоци за новиот модел на Mini кој како концепт беше претставен уште пред две години, а шпионските фотографии на конечниот модел се појавија пред повеќе од месец дена.


18.07.2007
Планираме да продадеме 100.000 примероци
Категoрија: BMW


При минатонеделното претставување на новиот модел М3 во Шпанија, менаџерот на BMW задолжен за продажба Carsten Pries истакна дека имаат намера да ја надминат магичната бројка од 100.000 примероци.


11.07.2007
BMW Z2 во 2010
Категoрија: BMW


Баварскиот производител спрема кабриолет кој треба да се спротивстави на Mazda MX5. Продажбата на моделот Z4 никогаш потполно не ги оствари очекувањата на BMW. Многумина сметаат дека слабата продажба се должи на фактот дека во овој модел не се вградуваа евтините 4-цилиндрични мотори, а со тоа и цената на автомобилот не беше толку ниска, па купувачите се одлучуваа за поевтини автомобили како Mazda MX5.


08.07.2007
Најнови фотографии од BMW M3 CC
Категoрија: BMW


Новата верзија на еден од најпродаваните спортски автомобили на светот е спремна да се појави на пазарот. Тоа го докажуваат и овие фотографии од тестираниот примерок на кој скоро и да нема заштитна маска.


28.06.2007
BMW M3 by Lumma Design
Категoрија: BMW


Германската куќа Lumma Design ги објави прелиминарните рендери од својот перформанс пакет за BMW E92 Coupe. Се очекува дека овој модел ќе го има своето деби заедно со моделот M3 во Франкфурт.


13.06.2007
Tiff Needell од Fifth Gear го тестира новиот BMW M5
Категoрија: BMW


Иако нема големи промени кај новиот BMW M5, Tiff Needell чувствуваше потреба да го проба на едно тест возење. 2008 BMW M5 е придвижуван од 5.0-литарски V10 мотор кој имаа 500 коњски сили и дава забрзување од 0 до 100 km/h за само 4.5 секунди.


22.04.2007
Шангај со концепт новитет и од BMW
Категoрија: BMW


Баварците на шанганјскиот авто салон ја претставуваат новата студија под името CS – која наводно ги најавува новите дизајнерски насоки на идните BMW автомобили, а можеби и серијата 8 за која веќе долго време се зборува.


10.04.2007
Конечно излегоа првите вистински фотографии на новиот M3
Категoрија: BMW


Ова се првите службени фотографии на новиот член на спортското семејство на BMW – М3 купе, кои почнаа да кружат по интернет само по неколку недели по претставувањето на концептната верзија во Женева.

Што се однесува до автомобилот тука нема многу новости во однос на она што веќе можевме да го видиме на разните шпионски фотографии и на студиската верзија која неодамна беше претставена на женевскиот автосалон.


28.03.2007
204 КЅ од дволитрен дизелаш
Категoрија: BMW


BMW претстави нов дизелски агрегат со навистина импресивни можности
Од дволитарскиот волумем новиот мотор истискува 204 КЅ, што е 102 КЅ по литар на волумен.
Ваквите спецификации досега беа резервирани за поексклузивните бензински мотори.


23.01.2007
Освежување на BMW Серија 1
Категoрија: BMW


До овој момент на пазарот, серијата 1 на BMW, беше достапна само во изведба со 5 врати. Со лансирањето на новиот модел со три врати, купе стил, гамата на BMW е збогатена за уште еден член кој не е идентичен со моделот со пет врати туку е благо изменет скоро целиот.


25.12.2006
Премиера на кабриолетот од серија 3
Категoрија: BMW


Можеби BMW почна со промовирањето на новиот кабриолет од серијата 3 со фотографии и изјави за печатот, но вистинската премиера ќе биде на саемот за автомобили во Детроит на почетокот на 2007.



Покрај серијата 3 BMW во Детроит ќе ја претстават и новата хидрогенска серија 7 наменета за еколошки настроените пазари. За новата седмица е прилагоден шест литарскиот V12 мотор, кој ќе биде способен за согорување на бензин или водород, со сила од 260 кс.


14 11 2006
Профитот на BMW опадна ...
Категoрија: BMW



Профитот на BMW опадна во третата четвртина од годината поради зголемени даноци, и измените на модели. Производителот на луксузни автомобили BMW AG дека профитот „се лизнал“ за 0,7 %, бидејќи погрешиле во процената на пазарот пореди плаќањето на повисоки даноци за новите модели.

 
 


07.11.2006
Лимитирано издание на Individual BMW M6 Convertible
Категoрија: BMW

Бројот на кабриолети ќе биде лимитиран на 50, сите произведени со ексклузивниот Ruby Black екстериер и фантастичниот Piano Black ентериер, а освен парите потребно е и среќа да се дојде до овоj модел на BMW.

17.10.2006
Врати со отворање на горе на BMW M6 од Curve Auto Design
Категoрија: BMW


Иако не се познати надвор од Јапонија, Curve Auto Design имаат одлична репутација кога е во прашање имплементирање на врати што се отвораат нагоре на сe што има четири тркала и мотор. Последен пример за тоа се BMW M6 и 645CSI.

15.10.2006
2007 Mini Cooper официјални фотографии
Категoрија: BMW


BMW ги објавија првите фотографии на најновиот и „сладок“Mini Cooper. Иако е 2.76 инчи подолг, новиот Mini го има зачувано карактеристичниот изглед кој го вклучува познатиот бел покрив и големи предни светла.

 

alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free