25.01.2008
Први слики од новиот Honda Accord
Категoрија: Honda


Јапонците решија со слики од делови на новата Honda Accord да не потсетат дека на саемот во Женева оваа година ќе ја претстават новата генерација на новиот спортски настроен автомобил од средната класа.

03.01.2008
Honda Inspire Modulo Concept
Категoрија: Honda


Inspire е всушност Accord за јапонскиот пазар на автомобили. За Tokyo Auto Salon Honda подготви тјуниран концепт базиран на овој модел. Mора да се признае дека изгледа прекрасно.

24.12.2007
Honda го потврди NSX за 2010 година
Категoрија: Honda


На почетокот на оваа година, Honda го претстави концептот Acura Advanced Sports Car, кој се очекуваше да се појави и на салонот во Токио под името NSX. Сепак непосредно пред салонот беше вратен на доработка.

04.11.2007
Јапонците спремаат Civic Type-R-дизел варијанта!
Категoрија: Honda


Речиси и да нема компактен автомобил во Европа без нидна екстра силна варијанта. Легендарниот Golf ја има GTI, Focus ја има ST, Megane – Sport а Civic ја добива Type-R.


25.10.2007
2008 Honda Jazz
Категoрија: Honda


Во Јапонија на 26 Октомври ќе почне продажбата на новата Honda Jazz (Fit во Јапонија). Во Европа се очекува напролет, а плени со внатрешниот простор, кој според Honda е на ниво на возилата од средната класа!


18.10.2007
Honda CR-Z
Категoрија: Honda


Концептниот модел Honda CR-Z, ќе биде претставен на саемот во Токио, и е продолжение на автомобилот кој го смени текот на автомобилизмот во 80-те, Honda CR-X.


25.07.2007
Civic Mugen Si со 197 KS
Категoрија: Honda


Honda ја претстави најатрактивната верзија на Civic лимузината, која за сега е наменета само за Американскиот пазар. Партнер на Honda во изработката на оваа ѕверка е тјунерот Mugen.


23.03.2007
Јапонците ќе повлечат 165.000 автомобили
Категoрија: Honda


Оваа година за Honda не тргна на најдобро. После најголемото повлекување на автомобили во историјата на кинескиот пазар, проблемот се проширил на северноамериканскиот пазар.

Само во САД, Honda ќе мора да повлече 165.000 автомобили од пазарот заради проблеми со изолаторот кој може да протече по жиците на моторот и да предизвика нивно пукање.


25.12.2006
Honda Civic и во седан изведба
Категoрија: Honda


Новата Civic седан е уште еден пример за генијалноста на дизајнерскиот тим на Honda. Опремена со четири цилиндричен i-VTEC со 16 вентили, 1.8 литарски мотор со 140 кс, има неверојатно мала потрошувачка на гориво и ултра ниска емисија на штетни гасови.


05.12.2006
Безбедносен бум од новата Honda CR-V
Категoрија: Honda


Новиот супер изглед останува во тајност, но ние знаеме дека автомобилот е опремен со cruise control и CMS систем. Ќе биде опремен и со радар кој го мери растојанието од останатите коли на патот, па така може да се „тркала“ по патот, намалувајќи ја напрегнатоста на возачот.

alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free