![]() |
||||||||
![]() Доколку Ана, Маја и Марија излезат на ручек, помеѓу себе ќе се нарекуваат како Ана, Маја и Марија. Но, доколку Дејан, Мартин и Диме излезат на пиво, помеѓу себе ќе си се обраќаат како "Дебели", "Лепи", "Компир"... МАЧКИ: Жените сакаат мачки. Мажите велат дека сакаат мачки, но кога жените не гледаат - мажите ги шутираат мачките. ШОПИНГ: Мажите би платиле и 1000 денари за некој предмет кој реално вреди 500 и им е потребен. Жените би платиле 500 денари за предмет кој вреди 1000 и не им е потребен. ТЕХНИКА НА ДИСКУТИРАЊЕ: Жените го имаат последниот збор во секоја караница. Се што ќе каже мажот после тоа е почеток на нова расправија. СТАТИСТИЧКИ: Жените се загрижени за нивната иднина додека да најдат сопруг. Мажите се безгрижни додека не се оженат. УСПЕХ: Успешен маж е оној кој заработува повеќе отколку што неговата жена може да потроши. Успешна жена е онаа која ќе пронајде таков маж. БРАК: Кога жената стапува во брак, се надева дека мажот со тек на време ќе се промени, но тој не се менува. Кога мажот се жени, се надева дека жената нема да се промени, но таа се менува. ДОТЕРУВАЊЕ: Жените се дотеруваат за на шопинг, наводнување на цвеќињата, фрлање на ѓубрето, читање книга, јавување на телефон ... Мажите се дотеруваат за на свадба и за на погреб. КОНДУРИ: Кога се подготвуваат за на работа, ќе се дотераат, ќе наврат на нозе рамни кондури, а салонките на висока штикла ќе ги носат во картонска ќеса со натпис "Baldinini", "Мanolo Blanic"... за да ги облечат пред да стигнат на работното место. Пет минути подоцна, ќе ги соблечат бидејќи стапалата им се под бирото. Мажот го носи истиот пар кондури преку целиот ден. ПЛАЌАЊЕ ВЕЧЕРА: Кога ќе стигне сметката, Дејан, Мартин и Диме во исто време ќе се брцнат во џебовите, секој од нив вадејќи банкнота од по 1000 денари. Никој од нив ќе нема ништо поситно, и никој нема да признае дека го сака кусурот. КОга девојките ќе ја добијат сметката, секоја од нив има спремено точен износ за нејзиниот дел |
![]() |