Фотографијата што ќе ја видите во следниот прилог ни ја испрати еден корисник преку е-меил.
Станува збор, повторно за МАКЕДОНСКА/БАЛКАНСКА работа, овој пат во форма на закана дека колата наводно ќе ви биде изгребана доколку паркирате пред мојата врата.
Мислам, стварно немам поима како да го протолкувам ова, бидејќи се знае дека не се паркира пред нечија врата, но сигурно на човекот му дошло преку глава од расправии па морал малку остро да настапи за да не му го ограничуваат просторот на движење.
Инаку оваа ситуација ја има во близината на трговскиот центар "Буњаковец".