Нова Mazda 3
-------------------
Новата “Тројка” на Mazda треба да ја очекуваме за 2010 година, а ќе се базира на платформата на идниот Focus. Ќе изгледа многу поатрактивно и ќе порасне во сите правци.
                  


Ентериерот ќе добие нов дизајн и многу поквалитетни материјали, иако на тој дел и нема замерка во актуелниот модел. Просторот ќе биде дополнително зголемен и ќе може удобно да се седи и на задната клупа.

Моторите ќе ги дели исто така со идниот Focus, додека како врв на понудата, во верзијата MPS ќе биде понуден 2,5 литарскиот турбо мотор од Mazda 6. Новата шасија ќе понуди поголема удобност во возењето, но и подобрено управување и поголема стабилност. Можно е и да биде понудена верзија со погон на сите тркала.

Се очекува, почнувајќи со новата Тројка, Mazda да ја продолжи гаранцијата, која сега изнесува 3 години или 100.000 km. Тоа дополнително ќе ја зголеми довербата која купувачите ја имаат во Mazda.

Судејќи според ова што го гледаме сега, Mazda 3 би требало да има повеќе од успешен настап во веројатно најсилниот сегмент. Јапонците и тоа како добро ја завршиле работата во поглед на дизајнот. Квалитетот и универзалноста која ја има речиси секој јапонски автомобил, спакувани во ваква форма се искушенија на кои ретко кој би можел да одолее. Ја чекаме само уште цената!



28.01.2008
Mazda 2 со три врати во Женева
Категoрија: Mazda

Една година по премиерата на моделот со пет врати, на истиот саем, во Женева, Mazda ќе ја претстави поспортската верзија на својот малечок, која плени со динамичниот изглед.

Според луѓето задолжени за маркетингот на Mazda, моделот со три врати треба да привлече нови купувачи, пред се оние помладите кои најчесто се возат сами во автомобилот и немаат потреба од уште еден пар врати.

Моторизацијата ќе биде целосно превземена од таа на петвратниот модел, но масата на автомобилот ќе биде дополнително намалена. Тоа ќе донесе до намалување на потрошувачката што е главен адут при маркетингот на автомобилите од оваа класа.

Во салоните ќе треба да ја очекуваме кон средината на оваа година. Цените не се познати, но ќе бидат пониски од тие на моделот со пет врати.

alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free