![]() |
||||||||||||||||
Форбс: Мадона најбогата меѓу музичарите ----------------------------------------------------------- ![]() Веднаш зад неа на листата се најдоа Барбара Стрејсенд и Селин Дион. Најголемиот дел од парите се смета дека Мадона ги заработила за време на турнејата "Confessions" која и донела 72 милиони долари. Стрејсенд која со своите 65 години е најстара пејачка на листата, заработила 60 милиони долари на првата турнеја по 2000-та година кога објави дека се пензионира. Селин Дион го земала третото место со заработени 45 милиони долари, пари направени главно од концерти. Зад нив на листата се Шакира, Бионси, Гвен Стефани и Кристина Агилера. Енрике Иглезиас: Ќе престанам да пеам на 50 години ---------------------------------------------------------------------------- ![]() Не сум сигурен дали сакам да бидам на бина на свои 64 или 65 години, изјавил Енрике, 32 годишната ѕвезда.За разлика од мојот татко кој мислам дека ќе почине на бина при што го почитувам тоа, јас не можам да се замислам за 15 години да пеам Бајламос. Енрике, роден во Мадрид, дебитантски албум објави во 1995 година, во октомври оваа година ќе објави албум со неговите најголеми хитови "95/08". Кога ја слушам мојата музика мислам дека таа сеуште може да се развива. По неколку месеци знам дека можам да напишам подобра песна. Иглезиас изјавува дека сака да направи совршена песна. Песна која ќе ја слушате и за 10, 15,20 години и во која ништо не би сакале да промените. И додека Иглезиас не го направи тој албум, можно е неговите планови малце да бидат променети. Сакам да се смирам во наредните 15 години. Но тоа го кажувам сега. Никој не знае дали ќе имам храброст за тоа кога ќе дојде тој ден.
Сексипилното тело на Мараја Кери --------------------------------------------------- ![]() Американските музички телевизии овие денови премиерно ќе го прикажат спотот за синглот Touch My Body, преку кој Мараја Кери го најавува својот нов албум E=Mc2. Спотот го режирал Брет Ратнер, а во него учествува и ѕвездата од хумористичната серија 30 Rock, глумецот Џек МекБраер. Новиот албум на Мараја Кери ќе се појави на 14 април, а пејачката со него планира да го повтори успехот на албумот The Emancipation of Mimi, со кој во 2006 година освоила три Греми награди. САНРЕМО и оваа година забележа пад на гледаност --------------------------------------------------------------------------- ![]() Фестивалот го следеле помеѓу шест и осум милиони гледачи. На прв поглед тоа не е мала бројка, но е премногу мала во однос на минатите години. Со овогодинешната победа се закитила двојката Џио Ди Тоно и Лола Понче, додека второто место го земала Ана Татанџело со песната "Il mio amico" (Moјот Пријател), каде пее за нејзиниот пријател хомосексуалец. Бионси останува верна на Греми ----------------------------------------------- ![]() Бионси Ноулс се приклучила на Foo Fighters, кои на почетокот на овој месец изјавиле дека без оглед на штрајкот на сценаристите ќе настапат на Греми кое треба да се одржи на 10 февруари. Организаторите се убедени дека доделувањето на наградите ќе се одржат според планот, покрај заканите од сценаристите во кои се вели дека ќе постават "дебели" штрајкувачки редови. Џастин Тимберлејк, 50 Cent и Џон Бон Џови наводно им дале подршка на членовите на Американската задруга на сценаристи, кои штрајкуваат од 7 ноември 2007. Организаторите на Златен глобус не успеале да добијат "благослов" од Задругата па биле принудени да го откажат свеченото доделување. ______________________________________________
|
![]() |