21.01.2008
Групацијата PSA со пораст на продажбата
Категoрија: Peugeot


Благодарение на успехот на моделите Peugeot 207 и Citroen C4 Picasso, групацијата PSA забележа пораст на продажбата за 3,8% во 2007. Ова е прва година по 2002 во која е забележана зголемена продажба во однос на претходната година.

17.12.2007
308 RC-Z во сериско производство
Категoрија: Peugeot


Многу е веројатно дека францускиот производител ќе се одлучи да го пушти во сериско производство концептниот модел претставен на авто-саемот во Франкфурт оваа година.

06.12.2007
Најпродаван модел во првите 10 месеци годинава е Peugeot 207
Категoрија: Peugeot


Октомври беше месец во кој речиси сите производители забележаа раст на продажбата во споредба со истиот период минатата година. Покачувањето од 5,5% допринесе да бидат продадени вкупни 1.32 милиони автомобили само во месец Октомври. Само KIA не успеа да продаде повеќе автомобили од истиот период минатата година, и тоа само за неверојатни 7 автомобили!

03.09.2007
Пет ѕвезди за сигурност и за
новата 308-ка
Категoрија: Peugeot

Во период кога се објавуваат неколку резултати од EuroNcap crash тестовите, еве и за Peugeot 308, кој доби пет ѕвезди на тестот за заштита на патниците во кабина, четири ѕвезди за заштита на децата и три ѕвезди за заштита на пешаците.

03.08.2007
Peugeot 308 RC Z во Франкфурт
Категoрија: Peugeot


Францускиот производител на претстојниот авто салон во Франкфурт ќе претстави концепт на атрактивно 2+2 coupe под името 308 RC Z

29.06.2007
Подетални информации за Peugeot 308
Категoрија: Peugeot


Peugeot 308 со почетокот на есента ќе се најде на поголемиот дел од Европскиот пазар. Поjкрај солидната и широка моторизација 308-цата ќе може да се пофали со зголемена внатрешност и поголем степен на сигурност.

31.05.2007
2008 Peugeot 308 - фотографии
Категoрија: Peugeot


2008 Peugeot 308 официјално ќе биде презентиран во Септември за време на IAA мото шоуто во Франкфурт, Германија. Сепак, првите вистински фотографии од најновиот “hatchback”, некако се појавија на Интернет. Можеби некој во одделот за промоција на Peugeot, решил да крене прашина пред официјалното појавување.

24.04.2007
Peugeot 207 Комби: помалку прозори, повеќе багажен простор
Категoрија: Peugeot


На годинешниот CV саем во Birmingham, Велика Британија, Peugeot го откри своето ново мало бизнис ориентирано микро комбе базирано на минатогодишниот Peugeot 207 модел. Двете возила ги имаат истите големини, должина од 4.03 m, ширина од 1.92 m, меѓу-оскино растојание од 2.54 m и висина од1.47 m. Жртвувани се само задните седишта но, затоа Peugeot 207 Комби има максимален багажен простор од 1.1 m3 и носивост до 450 кг.

20.04.2007
Една легенда – 6 милиони примероци – Peugeot 206
Категoрија: Peugeot


Peugeot 206 го собори историскиот рекорд од 5.278.800 произведени примероци на моделот Peugeot 205.

Рекордот не е соборен само бо бројот на произведени примероци, туку и во времето потребно тој број да се достигне. За производство на пет милиони 205-ки потребни беа 191 месец, во однос само на 105 месеци, колку што беше потребно за производство на шест милиони Peugeot 206 – што е за седум години помалку.

13.02.2007
Практичен караван Peugeot 207 SW
Категoрија: Peugeot


По презентацијата на Peugeot 207 GTI, продолжува проширувањето на гамата на 207, со новата караван верзија Peugeot 207 SW која треба да биде прикажана на салонот за автомобили во Женева.
13.11.2006
Peugeot 207cabrio
Категoрија: Peugout


Во 1998, за прв пат беше презентиран концептот 20^ cc. Ентузијазмот што се разбуди кај публиката го забрза развојот на новиот дизајн Coupe / Cabriolet.


18.10.2006
Peugeot 307 Sedan со четири врати
Категoрија: Peugout


Обидувајќи се да ги надминат главните конкуренти - Renault Megane, VW Jetta и Ford Focus, од Peugeot планираат да ја претстават седан верзијата на hatchback 307 - ката со четири врати, кој можеби и не изгледа како седан поради тоа што единствената корекција која е направена е зголемување на багажниот простор, како што е направено со Clio Symbol на Renault.

16.10.2006
Peugeot 607 сега достапен со двоен турбо дизел
Категoрија: Peugot


Ако последниот предизвик за Peugeot 607 седаните беше јачината на коњските сили, сега најнов предизвик е неговиот моќен двоен турбо Hdi дизел мотор од 2,2 литри. Новиот мотор произведува максимум од 170 кс. на 4,000 rpm и значителни 277 lb-ft (375 Nm) достапни на само 1,500 вртежи во минута.

alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free