![]() |
|||||||
28.01.2008
Три нови SUV модели од концернот Volkswagen до 2010-та
![]() ![]() Концернот VW ќе лансира на пазарот три нови урбани кросовери: Audi Q1, Skoda Yeti и VW Polo SUV. Прв ќе пристигне Чешкиот производ, во 2009 година, потоа Q1 во 2010 и на крај Polo SUV во 2011. Сите ќе користат иста платформа. Како основа за најспортскиот од тројката, Q1 ќе биде земен А1. Тој ќе биде и единствениот од тројката што ќе има три врати, а ќе припаѓа во премиум класата. Ќе биде и најскап, некаде над 22.000 евра. Главен конкурент на Audi Q1 ќе му биде Mini Crossman. Неговите адути ќе бидат дизајнот и употребата на многу поквалитетни материјали. За разлика од него, VW Polo SUV и Skoda Yeti ќе бидат многу поевтини. Ќе ја користат истата платформа но ќе нудат многу помалку луксуз. Skoda Yeti ќе биде базирана на просторниот Roomster. Тоа значи дека овој автомобил ќе биде наменет за семејните луѓе, кои покрај погонот на сите четири тркала и преодноста на потешки терени, бараат и зголемена просторност. Polo SUV ќе се базира на истоимениот автомобил од ниската класа. Ќе биде наменет пред се за помладите авантуристи, кои нема да можат да си дозволат поскап автомобил. Според цената тој ќе се најде во средината од овие три автомобили. Моторизацијата кај сите модели ќе биде богата. Ќе биде понуден 1,4 литарски бензинец во повеќе верзии со распон на силата од 122 до 170 КС. Ист ќе биде случајот и кај дизелот. Тој ќе има зафатнина од 1,6 литри и ќе биде понуден во неколку верзии со распон на силата од 80 до 130 КС. Овие автомобили се дел од планот на VW за проширување на светскиот пазар на автомобили. Една од причините за производството на овие урбани теренци е и успехот на поголемите Q7, Touareg и Cayenne. Во моментов на нашиот пазар има само еден автомобил од оваа класа, Daihatsu Therios. Но, во иднина конкуренцијата тука ќе биде многу пожестока, пред се од трите најавени новитети од концернот VW и најавениот новитет од Toyota, кој ќе треба да биде еден вид RAV4 во намалено пакување. Иднината на авто индустријата е во малите автомобили, тренд од кој нема да може да избега ниту нашиот пазар. |
![]() |