Посетете го овој блог, ќе научите многу (линк)
На овој блог ќе најдете интересни примери кои може да ви го олеснат секојдневниот живот.




Hrana.com.mk

---------------------
Треба да знаете дека сетилото за вкус се менува и изградува, па затоа не се присилувајте ниту вие ниту вашето дете, сопруг, сопруга да јадете нешто што не ви се допаѓа, храна што некој друг ја спремил по сопствен вкус.

Победете ја навиката и желбата да се храните надвор од домот и обидете се да приготвите храна во вашата кујна според своите финансии, желба и способности, а по нашите рецепти.

Девојки, сопруги... Во психологијата на мажот стои дека изливот на вистински длабока љубов се манифестира преку стомакот.

ГОТВЕЊЕТО Е ЧИН НА ЉУБОВТА...

Кај нас ќе добиете информации за вредноста на намирниците што ќе ги користите во приготвување на вашите рецепти.

Извор: Hrana.com.mk



Виена отвара музеј за книжевност

--------------------------------------------------
Како на јавноста, а пред се турустите, би им ги овозможила скриените блага на домашната книжевност, Австриската национална книжарница планира во догледно време во Виена да отвори музеј на книжевност.

"Атмосферата е величенствена", пофалил менаџерот на Книжевниот архив на ÖNB Венделин Шмит-Денглер при претставувањето на проектот за просториите на идниот проект во Виенската дворска коморна архива.

"Музејот на книжевноста дава можност наместо да се видат делата на поедини писатели, поимот за австриската книжевност да се прикаже во својата целокупност", рекол Венделин.

Музејот, кој што ќе се простира на повеќе нивоа, ќе соджи "изложба за најважните дела на австриската книжевност од јозефинизмиот до денешницата", а исто така ќе се најдат и цензурирани документи, прибор за пишување како и машини за печатење.

За уредувањето на новиот музеј посебно се ангажирала генералната директорка на ÖNB Јохана Рахингер.

"Беше крајно време големиот број на архиви и нивните блага да станат достапни за јавноста", кажува Шмит-Денглер.

Новиот музеј во средиштето на Виена ќе биде најпрво наменето за ученици и студенти, но и туристи како и љубителите на пишаниот збор, за кои се планирани меѓународни изложби.
 


Наскоро - првиот "Armani Hotel"
------------------------------------------
 Giorgio Armani наскоро ќе го отвори својот прв хотел. 160 гостински соби и 144 луксузни апартмани кои се сместени во највисоката зграда во светот Burj Dubai се веќе при крај.

Облакодерот во кој е сместен хотелот ќе биде завршен кон крајот на оваа година, а Times OnLine веќе го смести во Топ 20 fashion дестинации за 2008. 

Armani изјави дека според него, многу хотели се претерано луксузни, а истовремено се нефункционални и во нив не можете да се чувствувате удобно. Тоа е главниот мотив кој го натерал да влезе во хотелиерските води.

Тој уште пред 3 години за овој проект потпиша договор со една од најголемите светски компании кои се бават со недвижности - EMAAR

Во случајов, тие се сопственици на лукзусниот највисок облакодер на светот кој ќе биде финиширан годинава.



Лондон има најскапи станови во светот
---------------------------------------------------------
 Квадратен метар станбен простор оваа година најскапо ќе чини во Лондон, Њу Јорк и Москва, покажа годишната студија на "Global Property Guide". Убедливо најскапи на...

... светот се становите во Prime Central London, а за нив ќе треба да издвоите од 16.5 до 27 илјади евра за квадрат.

Второто место по чинење на m2 му припадна на Њу Јорк со цени од 9 до 15,5 илјади евра за становите на горен Manhattan, додека долниот дел е нијанса поефтин.

Москва е на третото место со цени од 7 до 14 илјади евра (за квадрат) за стан во центарот на градот.

На четвртото место е повторно Лондон но овојпат квартот Wimbledon, а петтото место му припадна на Париз каде квадрат во просек чини девет ипол илјади евра.



Rihanna се сликаше гола за FHM
------------------------------------------------

Еве дел од нивниот текст...

Таа пред еден месец го одби "непристојниот предлог" на американското издание на истото списание да се слика гола.

"Имам само 19 години. Мајка ми би ме убила ако позирам гола", изјави тогаш Ријана.

19-годишната пејачка со потекло од Барбадос се предомисли и во овомесечното издание на списанието може да се види потполно гола на две фотографии.


За жал, ништо од напишаното не е вистина. Ви прилог ги имате вистинските фотки од FHM, и фотомонтажите на кои наседнаа нашите колеги.

Оригиналот...

...и фотомонтажата



Најскапиот коњак на светот
-----------------------------------------
 "Hennessy" го претстави нивното најлуксузно коњак издание, што всушност и стана најскапиот коњак на светот. "Beaute de Siecle", или во превод "Убавината на...

... векот" е направен во чест на Killian Hennessy - кој е шеста генерација на компанијата, а оваа година наполни 100 години!

Едно шише "Hennessy - Beaute de Siecle" чини 150.000 евра, но тоа не е причина поголемиот дел од лимитираната серија од 100 шишиња веќе да е продадена. Продадени се примероци на анонимни купувачи од Азија, Европа и Америка.

Еден примерок од оваа серија е подарен на сопственикот за роденден, и уште едно шише е подарено на Elizabeth Taylor за нејзината хуманитарна организација. На хуманата аукција, подарениот коњак беше лицитиран и продаден за 200.000$.



Како да дојдете до подобри идеи?
--------------------------------------------------
 За генерирање на добри идеи, потребни се вештини кои со вежбање, стануваат се поинтензивни и резултираат со одлични резултати. За да може да им помогнете...

...на квалитетните идеи да ислезат на површина, потребно е да се придржувате до неколку едноставни правила, чија комбинација може да "изроди" одлични идеи за нови деловни потфати или уметничка инспирација...

Правете белешки и пишувајте

Најдобрите идеи може да ги добиете во најнеобични ситуации, но со подеднаква брзина со која се појавиле, може и да исчеснат.

Затоа, неопходно е секогаш крај себе да имате хартија и пенкало, или роковник во кој ќе го бележите се она што ви паѓа на ум.

Некои од идеите, ќе ви изгледаат сосема небитни, но некои ќе бидат од големо значење - можеби вистинското решение за одреден проблем или ситуација.

Возете се

Релаксирачко и споро возење низ приградските населби, во кои сообраќајот не е толку фрекфентен, со тивка музика и благ ветер кој што влегува низ прозорците целосно ќе ве опушти.

На тој начин, ќе отворите нов пат за нови идеи и начини за реализирање на истите. Така, не само што вашиот ум е отворен за нови идеи, туку ќе бидете поопуштени и ќе се ослободите од стресот.

Читајте

Преку читањето го храните вашиот мозок, што неминовно значи и раѓање на нови идеи.

Циркулацијата на прочитаните зборови, во вашите мисли ќе поттике нов начин на размислување, а сето тоа заедно, може вашиот живот да го насочи во неочекувано позитивна насока.

Пронајдете инспирација

Инспирацијата е насекаде околу вас, само е потребно да ја пронајдете. Пуштете ја вашата фантазија, низ приказните од секојдневието, животните искуства на вашите блиски...

Дозволете некои од нивните приказни да ве поттикне да размислувате за идниот тек на настаните.

Проектирајте ги во вашата глава крајните резултати, и на тој начин креативно ќе го изберете патот на нивното остварување.

Доведете се во прашање

Кога ќе се најдете на сред дискусија со познаници или пријатели, немојте нивните ставови да ги прифаќате како конечни, а немојте ни за своите ставови да размислувате така.

Се што се случува во вашето окружување, истражувајте го, и не дозволувајте да ве импресионираат едноставните објаснувања.
Пробајте да најдете сопствено објаснување за одредена дилема, а паралелно со тоа ќе ви се раѓаат нови и нови идеи.



Подводна атракција во Кина
------------------------------------------
 Кинезите одлучија да изградат гигантски подводен музеј, кој ќе биде првиот музеј во светот од тој вид. Изградбата, ќе биде со цел на луѓето да им се претстави брод...

... кој е потонат пред околу 800 години, а воедно и да се зачува богатството кое го поседува потонатиот брод.

Археолозите сметаат дека овој брод е најголемото "подводно" откритие на Кина. Бродот се наоѓа под 24 метри вода, и 2 метри песок и земја.

За изградбата на музејот се доделени 14.милиони евра, а во него ќе има 5 простории во кои ќе се наоѓаат делови од потонатиот брод.

"Проценивме дека на бродот се наоѓаат од 60.000 до 80.000 вредни предмети.

Со оглед на тоа дека бродот и неговото богатство толку време се наоѓаат под вода, и тоа што се прилагодени на таквото окружување, најдобро е таму и да останат.

Во спротивно, доколку се извадат, тие веднаш ќе се распаднат." - изјави директорот на археолошкиот институт, Wei Jun.

Според најавата, се очекува музејот да биде готов до средината на следната година.


                                                                                   



 

 

 

 



alternative text
Samo Za Vozrasni 18+
Za Vozrasni 18+
alternative text This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free